Целосно во прекин сообраќајот на патот Македонски Брод кон село Здуње

Патниот правец Македонски Брод – село Здуње на кој гравитираат 11 села, не е прооден за секаков вид сообраќај, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

Како што соопшти АМСМ, во 4:30 часот изутрината е нормализиран сообраќајот на автопатот „Гостивар – Тетово“ кај клучка Жеровјане, кој беше во прекин два часа поради сообраќајна незгода.