Целта на сценариото, чиј главен инструмент е Заев е да смени името на Македонија

сценарио

Станува збор за една поопширна операција чие сценарио почна со стекнувањето на Заев со илегално снимани и креирани материјали, потоа продолжи со обид за изборен и постизборен инжинеринг, па со игнорирање на волјата на мнозинството Македонци дадена на слободните парламентарни избори.

Следуваше креирање на албанската платформа од Еди Рама чија цел е редефинирање на државата и инсталирање на „тиранска влада“ со клучно соросово влијание, за да на крај се промени името на Македонија.

Инаку, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ова јасно го кажа во интервјуто на ТВ Сител, посочувајќи дека целта е името, а сценаристот планирал тоа да се одвива низ 4 фази.

-Основната причина на целата операција за рушење на власта и носење на Заев е слабеење на државата со цел промена на името и идентитетот на Македонците. Главната причина за целата оваа операција што ни се случува од некои надворешни центри е промена на името на Република Македонија и на идентитетот на Македонија и тоа е целата цел што се случуваше во изминатите 2-3 години. Ова со двојазичноста е секундарно и се случува сега, а нема да застане тука, од она што сум информиран целата таа операција за промена на името се води во четири фази, истакна Груевски за Сител.

Двојазичноста, според Груевски е секундарната цел, а по неа ќе започнат подготовки и за кантонизација како следна цел. Чекор по чекор.

-Многу им пречи што во изминатите години низ разни форми и активности се подигна националната свест, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

4 фази на операцијата:

1.Создавање криза и дестабилизација,
2. Компромитирање на власта преку специјална психолошка војна и компромитирање на институциите,
3. Избори и смена на власта, нејзино елиминирање и носење на нова и
4. Реализација на целите, напиша Груевски на својот Фејсбук профил.

Ставот на Заев за името е дека треба да се подвитка кичмата како и дека на СДСМ не му прилегаат патриотски политики.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.