Македонија,Економија

Цементарница Усје го зголеми профитот за 28 отсто

Цементарница Усје го зголеми профитот за 28 отсто

Македонскиот произведувач Цементарница Усје објави дека во првата половина на 2014 година, консолидираната нето добивка се зголемила за 28 отсто.

До крајот на јуни оваа година, оперативните приходи се зголемени за 15 отсто, а додека пак, оперативните трошоци се зголемени за 5 отсто, пишува во консолидираните финансиски извештаи на Усје.

Усје е единствениот македонски произведувач на цемент, во кој 94,8 отсто од акции и припаѓаат на грчката компанија „Титан“. Производствените погони се наоѓаат во Скопје.