Македонија,Економија

Цементарница „Усје“ со нето добивка од 1,4 милијарди денари ја заврши 2013.

Цементарница „Усје“ со нето добивка од 1,4 милијарди денари ја заврши 2013.

Цементарицата „Усје“ во период од први јануари до 31-ви декември оствари нето добивка од една милијарда 484 милиони 687 илјади денари, се наведува во Образложението на остварениот неконсолидиран резултат објавено на Македонска берза.

Оваа компанија бележи зголемување на добивката за разлика од претходната 2012-та година кога остварила добивка од една милијарда 325 милиони 850 илјади денари.

Во текот на минатата година, „Усје“ на домашен пазар остварила приходи во висина од две милијарди 811 милиони 186 илјади денари, додека како приходи од странски пазари прокнижила една милијарда 109 милиони и 190 илјади денари.