Цената на храната на најниско ниво во последните седум години

Глобалните цени на основните прехрамбени производи во август се намалија на најниско ниво во последните седум години.

Цените на речиси сите прехрамбени производи опфатени со ценовниот индекс (ФАО) минатиот месец опаднаа.

Во овие производи спаѓаат млекото, растителното масло, шеќерот и житарките, соопшти Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО).

Цената на храната на најниско ниво во последните седум години
Цената на храната на најниско ниво во последните седум години

Најголемиот пад на ценовниот индекс на ФАО за последните седум години се должи на големите залихи, падот на цените на енергијата и загриженоста во поглед на забавувањето на кинеската економија.

Наспроти тоа, цените на месото во август останале речиси непроменети во однос на јули, иако, целокупно гледано, тие и понатаму се за 18 проценти под рекордното ниво регистрирано во август 2014 година.