Цената на лажните анкети на „Рејтинг“

Има некои работи кои се купуваат за пари, но има и работи за кои најважен е кредибилитетот. Тоа агенцијата „Рејтинг“ со лажните анкети во кои прогнозираше победа на Стево Пендаровски  го изгуби. објави информативниот портал „Курир“.

Рејтинг и Ѓорѓи Спасов преку пост на својата официјална Фејсбук страна се обидоа да се “исперат“ за тоталното промашување и предвидувањето дека Пендаровски има водство пред Иванов, но досега невидениот блам не  може да се покрие со смешно образложение дека нивната методологија, која наводно досега била репер, сега требало да се корегира.

На каква грешка во методолгија мислат во „Рејтинг“ е навистина нејасно, освен ако агенцијата не верува дека може статистички да се направи промашување за околу 400 проценти. „Рејтинг“ не само што направи грешка од околу 300.000 гласови, туку згора на тоа и целосно го промаши победникот во првиот круг.

Разликата од речиси два проценти предност за Пендаровски која ја предвиде „Рејтинг“ е далеку од статистичка грешка, ако се земат во предвид 123.000 гласови разлика во корист на Иванов. Сето ова покажува дека не е до методологијата, туку  до парите кои најверојатно ги плати СДСМ за овие анкети, а кои имаа за цел да го залажат членството во пресрет на првиот круг од претседателските избори и предвремените парламенарни избори, но ништо од тоа, народот во неделата ја кажа најверодостојната анкета.

Тотално промашување „Рејтинг“ имаше и за претседателскиот кандидат на ДПА, Илјаз Халими, за кого предвидуваа 9,5 отсто од гласовите, а тој освои само 4,5 отсто. „Рејтинг“ си поплука на кажаното уште во неделата на пладне, кога излезе со анализа дека излезноста била голема, но на сите им се чинело дека е низок одзивот бидејќи Албанците не излегувале на гласање, истите оние за кои агенцијата тврдеше дека наводно 92 проценти барале промени.

Фактот што „Рејтинг“ ги правеше анкетите за медиум кој е под директна контрола на опозицијата и фондацијата Сорос, дополнително потврдува дека катастрофалните грешки на агенцијата не се поради методологијата, туку  најверојатно станува збор за нарачана анкета, чија цел е веќе добро позната.

Веднаш по излегувањето на анкетата на „Рејтинг“ дека Пендаровски е во водство пред Иванов, од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека се додека во СДСМ веруваат на анкетите на Ѓорѓи Спасов и неговиот син Никола Спасов, нема да постигнат никакви резултати, што се покажа како точно по првиот изборен круг.

– Овие анкети служат за мотивирање на членовите на СДСМ, а за нив Спасов зема дебели пари. Со вакви лажни анкети СДСМ покажува очај, а не добиваат ништо. Единствено паричка ќе добијат Ѓорѓи Спасов и неговиот син. Овие анкети се прават во канцелариите на Зоран Заев и Радмила Шекеринска. Потсетуваме дека оваа агенција Рејтинг на Ѓорѓи Спасов и неговиот син Никола Спасов пред сите избори досега, прогнозира успех на опозицијата, а никогаш тоа не се случило. Епилогот на ваквите анкети ќе е на штета на СДСМ. Затоа СДСМ треба да престане да си ги троши парите на фабрикувани анкети, а наместо тоа да инвестира во нови знаење, know-how и нови луѓе, стоеше во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

И познавачите предупредуваа дека прогнозите на агенцијата се тотално промашување, и дека ова значи „Крај на една рејтинг агенција“, оценувајќи ја како паушална, елементарно неиздржана, со политички речник кажано дилетантна, каква што впрочем и навистина се покажа дека е.