Цената на нафтата падна под 30 долари

Цената на барел Брент надмина 50 долари прв пат од ноември на берзите во Азија

Цената на нафтата на светските берзи падна минатата недела на над десет отсто, па првпат по 12 години се спушти од нивото од 30 долари за барел, а можен е и натамошен пад.

На лондонската берза цената за барел во петокот изнесуваше 28,94 долари, што е околу 13 отсто помалку отколку една недела претходно, а во еден момент се спушти на само 28,82 долари, најниско ниво од февруари 2004 година.

На американскиот пазар, пак, цената за барел во петокот изнесуваше 29,42 долари, а се лизна и на 29,13 долари, најниско ниво од ноември 2003 година.

Така е продолжен остриот пад на цената на нафтата во оваа година.

Во последните 18 месеци, откако почна трендот на пад, цените на нафтата потонаа на помалку од 30 долари за барел, а одделни аналитичари велат дека би можела и дополнително да паѓа.