Цената на нафтата продолжува да паѓа

Цената на нафтата продолжува да се намалува и покрај рекордниот увоз на суровина од Кина, објави МИА.

Во почетокот на денот цените за сортата Брент поевтинија со 92 центи до 46,51 долари за барел, а оние за американскиот репер WTI – со околу 72 центи – до 45,23 долари за барел.