Цената на нафтата се доближува до 80 долари

Цената на нафтата на светските пазари се доближува до 80 долари откако цените пораснаа и минатата недела, достигнувајќи нови највисоки нивоа од ноември 2014 година.

Нафтата од типот „Брент“ поскапе до 78.3 долари за барел, а американската лесна сурова нафта  до 71.9 долари за барел.

Цената на нафтата порасна по објавувањето на месечниот извештај на Организацијата на земјите извознички на нафта, ОПЕК, а пазарот е натаму е насочен кон последиците од одлуката на САД дека се повлекува од иранската нуклеарна спогодба.

Барел нафта од Северното море за испорака во јули вчера порасна на над 78 долари, што е најмногу од крајот на 2014 година. Во извештајот на ОПЕК се наведува дека овој картел испумпал помалку сурова нафта од дозволеното со спогодбата за ограничување на производството потпишана кон крајот на 2016 година.

Според аналитичарот Вилијам O’ Лоулин,главен фактор за одржување на цената во моментов е посветеноста на Саудиска Арабија и остатокот од ОПЕК кон намалувањето на производството, како и можноста за намалување на извозот од Иран поради нови санкции.

Од почетокот на 2018 година, вредноста на „Брентот“ е зголемена за 18%.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.