Цената на нафтата во пад поради зголемување на производството во САД

Цената на нафтата денеска е во пад по зголемување на производството на ископите во САД и вестите дека членките на ОПЕК се на пат го исполна договорот постигнат минатиот месец со другите земји за намалување на производството.

Претставници на членките на ОПЕК и земјите кои не се дел од нафтениот картел вчера по состанок во Виена соопштија дека речиси 1,8 милиони барели дневно, колку што е договорено да се тргне од пазарот, веќе се симнати околу 1.5 милиони барели дневно.

„За време на викендот е објавено дека е намалувањето на производството е веќе направено и пред договорениот рок, додека е пријавен и голем раст на производството во САД“, вели пазарниот аналитичар од компанијата „Прајс фјучерс груп“, Фил Флин.

Во Лондон цената на сировата нафта брент од Северното море е помала за 43 центи и сега е 55,06 долари по барел.

Во Њујорк цената на светло сировата нафта падна за 63 центи и сега изнесува 52,59 долари за барел.
 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.