Цената на прстенот го открива траењето на бракот

На сите ни е познато дека дијамантите се вечни и омилени кај женската популација, но не се и гаранција дека бракот ќе трае вечно ако се наоѓаат на вереничкиот прстен.

Во едно американско истражување откриено е дека партнерите кои потрошиле повеќе пари на вереничкиот прстен имале пократок брак.

Во истражувањето учествувале околу 3.000 возрасни Американци и кај мажите кои потрошиле на прстен измеѓу 2.000 и 4.000 долари, шансата за развод била 1,3 пати поголема, отколку кај оние кои потрошиле измеѓу 500 и 2.000 долари.

Кај жените чија венчавка чинела 20.000 долари и повеќе, шансите за развод биле 3,5 пати поголеми отколку кај оние чија венчавка чинела измеѓу 5.000 и 10.000 долари. Инаку, просечната цена на венчавките во САД изнесува околу 30.000 долари.

Авторите на истражувањето сметаат дека таа врска е предизвикана од стресот кој се појавува кај младите, откако ќе сфатат дека за прстенот и венчавката потрошиле повеќе пари од она што можеле да си го дозволат. Истражувачите мислат дека главни виновници се вработените во индустријата на венчавки, која е се поразвиена во последните 50 години.

Во не толку далечната 1959-та година биле доволни два месеци за организирање на венчавка, додека веќе во 90-тите се препорачуваше со подготовките да започнете една година порано