Становите во Скопје поевтини за пет отсто

Министерот за финансии Зоран Ставрески го отвори Самот на градежништво и Саемот за недвижности и инвестиции Real Expo, во рамките на кои ќе се претстават 300 компании и на продажба ќе бидат понудени 3000 станови.

„Македонската економија ланската година ја заврши со раст од над 3,3 отсто, а градежништвото како сектор растеше со 33 отсто. Тоа покажува дека македонското градежништво имаше значајна улога во растот на македонската економија и тоа не е случајно. Тоа е поттикнато со многу мерки и активности од приватниот сектор и од Владата“, изјави министерот за финансии Ставрески.

Во државниот Буџет за оваа година, 365 милиони евра се издвоени за капитални инвестиции. Тоа подразбира вклучување на македонски градежни компании и македонски работници кои ќе придонесат за подобри резултати на градежните фирми.

„Македонските фирми имаат можност да работат со најнисоко даночно оптоварување, значајно е што остварената добивка можат да ја реинвестираат и да не бидат оданочени. Во однос на домувањето, малото стопанство, овозможивме градежно земјиште за едно евро, но и олеснување на добивањето на градежни дозволи“, потенцираше Ставрески.

Компанијата „Адора инжинеринг“ по четврти пат настапува на Саемот за градежништво, а сопственикот Ванчо Чифлиганец  смета дека овој настан е добар за натпревар меѓу фирмите кои се бават со висока градба. За овие четири години, компанијата изградила околу 1.000 вискоквалитетни станови .

„Ние во контиунитет последните шест години продаваме меѓу 250 и 300 станови. Интересот годинава е зголемен за 10 отсто во однос на истиот период лани. За певите два месеци продадовме 29 станови, а очекуваме за оваа година да продадеме од 270 до 300 висококвалитетни станови. Цената на становите во Македонија моментно е нормална затоа што влезните материјали бетон, железо, цемент се високи,  а цената се задржа односно би рекол дека има мал тренд на опаѓање за околу пет отсто. Под таа цена инвеститорите ќе увидат дека не е исплатливо“, изјави Чифлиганец.

Спред него, цената од 900 до 1.250 евра за метар квадратен во Скопје, во зависност од локацијата, е нормална за македонски услови.

Клучна работа кај купувачите кога ги купуваат становите се добра локација, висококвалитетна градба, но и доверба кај инвеститорот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.