Цената на струјата во Македонија најниска во Европа според последните статистички податоци

Македонија е меѓу земјите со најниската цена на струјата во Европа. Според анализите на европските статистичари цената на електричната енергија во Македонија е пониска за 55% од европскиот просек.

Просечната цена на струјата во земјите од ЕУ изнесува 18,4 евра за 100 киловат-часови.

Како што посочуваат од Евростат најскапа струја плаќаат Данците и тоа 29,8 евра за 100 киловат часови, а најевтина Бугарија со 8,7 евра за 100 киловат-часови.

Анализите за земјите кои не се членки на ЕУ, покажуваат дека во Македонија цената на струјата е за 55% поевтина од европските, а во Србија за 47%. Во регионот поскапа струја има во Словенија, Хрватска и Црна Гора.

Цената на струјата во Македонија е меѓу најниските во Европа и во регионот, во услови кога во Македонија се повеќе се намалува домашното производство.

Според последните податоци увозот на електрична енергија во вкупната потрошена електрична енергија достигнува околу 32%. Само за споредба Светската банка наведува дека увозот на електрична енергија во 2000-та година изнесувал 5%.

Ваквата увозна зависност се случува во услови кога македонските граѓани плаќаат ниска цена на електричната енергија која е субвенционирана односно за две третини пониска од просекот на Европската Унија, констатираат од Светска бакна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.