Цената на златото падна за 0,7 отсто

Цената на златото падна на најниско ниво за повеќе од месец, бидејќи закрепнувањето на американскиот долар му штети на привлечноста на овој благороден метал, пишува Блумберг.

Според податоците на њујоршката агенција, цената на златото за непосредна испорака, падна на средината на минатата недела за дури 0,7 отсто на 1.208,38 долари за унца.

Минатата недела цената на овој благороден метал се лизна за 3,1 отсто, најмногу од ноември минатата година и на пат е да го забележи првиот месечен пад по 11-процентното зајакнување на вредноста во февруари.

Прогнозата за скок на цената на златото годинава е намалена на 14 отсто, откако доларот бележи силно јакнење од јануари, поради заострување на монетарната политика во САД.

„Јакнењето на доларот ќе изврши притисок на цената на златото во оваа недела“, изјавил за Блумберг, директорот на компанијата „Комтренд риск менаџмент“, Ганасекар Тијагараџан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.