Македонија,Економија

Цените на горивата остануваат исти

Цените на горивата остануваат исти

Цените на бензините, како и на нафтата, и во следните две недели, остануваат исти, е најновата одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.

Со тоа цената на Еуросупер БС-95 останува 78 денари за литар, додека на Еуросупер БС 98 е 79,50 денари за литар. Дизелот и во следните две недели ќе се продава по 66 денари за еден литар.

Малопродажната цена на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за половина денар и изнесува 54,50
денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,118 ден/кг и  изнесува 40,077 ден/кг.