Цените на мобилната телефонија и понатаму ќе паѓаат

Директорот на АЕК, Роберт Орданоски порача дека неможе да се очекува зголемување на цените во мобилната телефонија, туку напротив, трендот на намалување ќе продолжи и понатаму.

Орданоски: Цените на мобилната телефонија и понатаму ќе паѓаат
Орданоски: Цените на мобилната телефонија и понатаму ќе паѓаат

Mојата порака е дека цените со консолидацијата на македонскиот телекомуникациски пазар нема шанса да одат нагоре, трендот на намалување ќе продолжи и понатаму. Само за последните 3 години цената за минута разговор во мобилната се намали за повеќе од 70%, од 3.5 на 1.1 ден просечно. Втора важна порака е дека иако нашите оператори се стандардно конзервативни во имплементација на новите технологии во Република Македонија со изговор дека нема пазар кај нас за софистицирани сервиси (?!), статистиката покажа дека со комерцијалниот почеток на 4Г технологијата во Република Македонија само за 1 година вкупниот податочен сообраќај се зголеми двојно. Порака до операторите – инвестирајте во нови технологии, македонските корисници се доволно адвансед за да веднаш ги прифатат.

Ова на својот профил на Фејсбук го напиша првиот човек на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Орданоски.

Никола Љушев, Првиот човек на ОНЕ.ВИП…