Цените на нафтата над 79 долари по сигналите на OPEC за неподготвеност да го зголеми производството

Цените на нафтата пораснаа во вторникот на меѓународните пазари над нивото од 79 долари за барел поткрепени од сигналите на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) дека не се подготвени да го зголемат производството за да се надомести намаленото снабдување од Иран.

На лондонскиот пазар цената порасна за 98 центи во однос на претходното затворање на тргувањето, на 79,3 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по 83 центи повисока цена, од 69,74 долари. Одвоено OPEC во вторникот претпладнето објави дека цената на барел од референтната кошничка негова нафта во понеделникот изнесувала 76,19 долари, што значи дека останала речиси непроменета во однос на претходниот трговски ден.

Министрите за нафта или енергетика на земјите членки OPEC и групата независни производители предводени од Русија ќе се сретнат во недела за да дискутираат за спроведувањето на производните политики. Извори од OPEC за агенцијата Reuters изјавиле дека во догледно време не планираат никакви мерки, а производителите ќе разговараат за тоа како да го распоредат договореното зголемување на производството.

Претходно, пак, агенцијата Bloomberg извести, цитирајќи неименувани саудиски извори, дека оваа земја во моментов е задоволна со нивото на цените од над 80 долари за барел, барем во кусорочна перспектива. Ријад не сака цените да се оддалечат од ова ниво, но тоа можеби нема да може да се избегне поради потесната понуда на пазарот како резултат на американските санкции против Иран, напомнува Bloomberg.

Од OPEC и извори од индустријата претходно за Reuters изјавиле дека Саудиска Арабија сака да ги задржи цените на лондонскиот пазар на 80 долари за барел до изборите за американскиот Конгрес, за да би избегнале можен силен притисок од американскиот претседател Доналд Трамп. Американските санкции за иранскиот нафтен сектор, инаку, ќе стапат на сила на 4-ти ноември.

„Тоа ги подгрева сомневањатоа дека Саудиска Арабија нема да ги зголеми производството за да го надомести губењето на иранската сирова нафта кога санкциите ќе стапат на сила“, толкува во анкетата на Reuters Карстен Фритч од франкфуртска „Commerzbank“.

Рускиот министер за енергетика Алескандр Новак изјави за руските медиуми дека цената на барелот меѓу 70 и 80 долари е привремена и е резултат на санкциите, додавајќи дека во долгорочна перспектива цената би можела да изнесува околу 50 долари.

Неговиот американски колега секретарот за енергетика Рик Пери, со кого минатата седмица се сретнаа во Москва изјави тогаш дека не очекува остар скок на цените по воведувањето на санкциите против Техеран, искажувајќи доверба во поглед на саудиското производство.

Долгорочните изгледи, пак, цените на нафтата и натаму се оптоварени со ескалацијата на трговската војна меѓу САД и Кина, која ги придуши прогнозите за побарувачката на водечките светски потрошувачи. Од Кина во вторникот порачаа дека се принудени да одговорат на новите американски трговски мерки, откако американскиот претседател воведе 10-процентни царини на стоки во изност од околу 200 милијарди долари кинески увоз. Царините, веројатно, ќе ги ограничат стопанските и економските активности во САД и во Кина, што би можело да доведе до закочување на растот на побарувачката на нафта, имајќи предвид дека ќе се трошат помалку горива за транспортот на стоките во износ од неколку стотици милијарди долари.

„Пазарите на нафта балансираат меѓу факторите кои ги поттикнуваат трендовите со спротивен предзнак, односно санкциите за Ирак ќе продолжат да даваат поддршка на цените во краткорочна перспектива, додека дискусиите за глобалната побарувачка по утринските царини и шпекулациите за дополнителното зголемување на снабдувањето од OPEC би требало да ги зауздат амбициите во насока на подигнување на цените“, констатира во анкетата на Reuters Стивен Инс од брокерската куќа „Oanda“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.