Цените на нафтата пораснаа кон 74 долари во очекување на обновување на санкциите за Иран

Ценита на нафтата се приближја во петокот на меѓународните пазари на нивото од 74 долари за барел, поткрепени од намалувањето на разликата меѓу понудата и побарувачката и очекувањето на вестите од Вашингтон за обновување на економските санкции за Иран.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 30 центи во однос на претходното затворање на тргувањето и изнесуваше 73,92 долари. Во идентичен однос порасна и на американкиот пазар каде што со барелот се тргуваше по 68,73 долари.

Одвоено Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) утрово извести дека цената на барелот референтната кошничка нејзина нафта во четвртокот изнесувала 70,66 долари, што значи дека останала речиси непроменета во однос на претходниот трговски ден.

Пазарите ја очеуваат одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за обновување на санкциите против Иран поради незадоволството на САД од договорот склучен во 2015 година за неговата нуклеарна програма. Техеран пред укинувањето на санкциите на почетокот до 2016 година повторно ја презема позицијата на голем извозник благодарејќи на договорот со групата шест светски сили кој предвидуваше ограничување на спроведувањето на неговата нуклеарна програма.

Американскиот претседател рече дека нема да ги продолжи санкциите доколку европските челници до 12-ти мај не ги исправат „страшните грешки“ во меѓународниот договор.

„Очекувањата дека САД ќе се повлечат од договорот и дека нема да ја продолжи супснезијата на санкциите ја држат цената на двата пазари во близина на највисокото ниво во последните три години“, вели во анкетата на Reuters Стивен Бренок од лондонската брокерска куќа „PVM Oil Associates“.

Европските сојузници имаат намера следната седмица на Трамп да му достават план за спасување на договорот, но паралелно подготвуваат мерки за заштата на европско-иранските деловни односи доколку САД се повлечат од договорот.

Трговците сметаат дека поради санкциите снабдувањето со нафта од Иран може да се намали. Аналитичарите од ANZ проценуваат дека до крајот на годинава цената на лондонскиот пазар може да достигне до 80 долари, припишуваји го растот последниве денови на засилените геоплотички ризици и намаленото глобално снабдување.

„Очекуваме дека разликата меѓу понудата и побарувачката на пазарот уште повеќе е се намали во втората половина од 2018 година“, пишуваат тие во белешките до клиентите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.