Свет

Цените на нафтата повторно на минимум

Цените на нафтата повторно на минимум

Цените на нафтата се спуштија на нов шестгодишен минимум, а се очекува залихите на сирова нафта во САД да продолжат да растат, наведуваат аналитичирите, пренесува Б92.

Америкаснаката „лесна“ нафта (WTI) за испораката во април поевтини на берзата во Њујорк за 83 центи, на 42, 63 долари, што е најниско ниво од март од 2009-тата година, додека нафтата од типот „брент“ за мајската испорака поевтини за 14 центи, и се продава за 53, 37 долари.

-Очекуваме нов пораст на залихите на нафта во САД, што ќе ја сголеми загриженоста околу и онака големите залихи во светот, наведува аналитичарот од сиднејската компанија Фет профитс, Дејвид Ленокс.

Анкетата на „Блумберг“ покажа дека аналитичарите очекуваат дека американските залихи на нафта во неделата заклучно со 13-ти март пораснале за 3, 3 милиони барела и во моментов се проценува дека изнесуваат рекордни 452, 2 милиони барели.

Залихите во САД се во пораст девет недели по ред и  секој пат постигнуваат нов рекорд, што придонесува за пад на цената на нафтата, кои од јуни минатата година до крајот на јануари забележаа пад за околу 60 отсто.