Цените на нафтата во пораст!

Цената на барел Брент надмина 50 долари прв пат од ноември на берзите во Азија

Поради падот на цената на доларот и најавата на Русија дека е подготвена да разговара со членките на ОПЕК за можното намалување на производството цените на нафтата растат.

Сепак, аналитичарите предупредуваат дека не треба да се има премногу надеж во тие разговори, истакнувајчи дека сличните такви преговори во минатото не дале конкретни резултати, односн дека не довеле до намалување на резервите и до раст на цените.

Американската лесна нафта WTI во Азија поскапе за 63 центи, односно за 1, 9 отсто, на 33, 85 долари за барел а сировата нафта од типот брент за испораката во март порасна за 79 центи, односно за 2,33 отсто на 34, 68 долари.

До средината на 2014-тата цените на нафтата паднаа за околу три четвртини поради слабата побарувачка, хиперпродукцијата, прекумерната понуда и забавувањето на глобалната економија, посебно во кинеското стопанство, кое е клучен потрошувач.

Двата типа на нафта вчера скокнаа по изјавата на рускиот министер за енергетика Александар Новак дека Москва е подготвена да учествува во разговорите со ОПЕК за можни координирани акции.

Тој рече дека би можело да се разговара за намалување на производството за пет отсто за секоја земја произведувач поединечно.

Сепак, вчерашната добивка во цената на нафтата подоцна се „стопи“ а аналитичарот на компанијата „Филип Фјучерс“ Даниел Анг вели дека за нивниот раст повеќе придонесе слабеењето на доларот по објавувањето на податоците за наглиот пад на новите нарачки за произведената роба во САД, за 5,1 отсто во декември, наведува Франс прес, пренесува Б92.

Овие податоци се многу полоши отколку што аналитичарите очекувале и укажуваат на слабоста на производниот сектор на најголемата светска економија и најголемиот потрошувач на нафта, пренесува француската агенција.