четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 1

Цените на роамингот ќе се намалат до 90% до крајот на 2017 година

roaming-crna-gora

Поврзани вести

Марта Арсовска Томовска, министерка за информатичко општество и администрација, како дел од отчетот кој денеска го дава владејачката партија потенцираше дека цените на роамингот до крајот на 2017 година ќе се намалат за 90 отсто.

Најпрво да потенцирам дека благодарение на македонската влада во процесот обезбедивме граѓаните на повеќе балкански држави да ја исполнат својата желба за поевтин роаминг и слободно движење низ Балканот. Лани еден мегабит беше 370 денари, сега изнесува 43 денари. На 1 јули оваа година ќе изнесува 27 денари и следната година на 1 јули ќе изнесува 12 денари,. Што значи дека цените на почетокот паднаа за 70-80 %, а до крајот на договорот до 2017 год ќе одат до 90%, изјави Арсовска Томовска.

Најчитани вести