Цените на становите растат

Индексот на цените на становите е повисок за 2,2% на квартална основа, што придонесе за забавување на падот на цените на годишна основа (пад од 0,4%, по падот од 3,1% во првиот квартал на 2014 година)се вели во кварталниот извешта на Народна банка. Не може да се предвиди дали растот на цената ќе продолжи или станува збор за привремено поместување.

„ Ваквите движења на цените на недвижностите не соодветствуваат со движењата на нивните двигатели. Имено, од аспект на факторите на страната на понудата, изградбата на станбените згради во првиот квартал од годината бележи значителен квартален пораст што би имало надолно влијание врз цената на недвижости.Исто влијание би имале и трошоците за изградба (според индексот на градежни трошоци 98), коишто во претходните неколку квартали бележат квартален пад.Од факторите на страната на побарувачката за недвижности, и во вториот квартал е остварен раст на станбените кредити, но сепак забавен“, се вели во извештајот на Народна Банка.

Имајќи ги предвид ваквите движења помеѓу цените на недвижностите и нивните двигатели, тешко е да се утврди дали растот на цените во вториот квартал од годината ќе продолжи пишува во извештајот.

Претходните два квартали цените на недвижностите забележаа намалување.