Ценовник на ИД: Деца до 9 години се продаваат за 165 долари

Обединетите нации потврдија дека поседуваат ценовник на ИД, според кој жените, односно девојчињата се продаваат како робје. Едногодишно женско дете се продава за 165 американски долари.

Таму девојчињата се продаваат како барели нафта. Една девојка може да биде купена и продадена на пет или шест различни мажи. Некогаш борците на ИД ги продаваат назад на семејството за неколку илјади долари откупнина.

Многу едноставен грозоморен ценовник на ИД  – колку помлади, толку поскапи. Дете меѓу една и девет години се продава за 165 долари, адолесцентките се продаваат меѓу 124 долари, а девојките над 20 години под 124 долари. Жени постари од 40 години може да се купат за 40 долари.

Хрват заробен од Исламска држава

На Интернет се појави видео снимка на која припадници на Исламската држава се закануваат дека за 48 часа ќе ликвидираат еден Хрват кој го држат како заробеник во Египет. Се работи за хрватски државјанин Томислав Салопек (31), од Врпоље.

На видеото под наслов „Порака до египетските власти“ маскиран маж бара од египетските власти да се согласат на размена на заробеници. Односно, замена на заробениот Хрват со муслиманки, за кои тврдат дека се заробени од власта во Каиро.

Заложникот Салопек, на видеото е во портокалово одело и клечи пред маскиран маж кој држи нож во рацете, и цитира текст кој киднаперите очигледно му го напишале. Салопек кажува дека е вработен во француската компанија ЦГГ и дека е киднапиран на 22 јули, во пустина во Египет.

Досега никој не преземал одговорност за киднапирањето на хрватскиот државјанин, кој, инаку, е топограф, татко на две деца. Тој е првиот Хрват заробен во Египет, откако во оваа земја почна да се чувствува присутноста на припадници на таканаречената Исламска држава.

Сеопфатна борба против ИД

Сеопфатна борба против ИД ќе започне од турските воено – воздушни бази, а акциите ќе ги предводат САД и коалицијата.

САД и Турција минатиот месец потпипшаа договор со кој Анкара им дозволува користење турски бази за борба против џихадистите на ИД.

Американски дронови и авиони пристигнуваат и наскоро почнуваме сеопфатна борба против ИД, изјави за ТРТ турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Со САД постигнавме напредок во насока на отворање на базите посебно на Инџирлик, додаде тој.

 

 

Турција и САД работат на планови за обезбедување поддршка од воздух за обучените од САД сириски бунтовници и заедно да ги протераат припадниците на ИД од појас во северна Сирија што се простира на околу 80 км по границата со Турција.

 

 

 

 

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.