среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 54

Центар без струја, се вклучил системот за автоматска заштита

Во централното градско подрачје не работат ни семафорите.

timthumb-640x360

Последни вести

По попладневниот силен земјотрес во Скопје, дел од општина Центар остана без струја. Од ЕВН информираат дека се вклучил системот за автоматска заштита, по што некои од трансформаторите автоматски се исклучиле како дел од превентивната заштита од можни посериозни курцшлуси.

Во централното градско подрачје не работат ни семафорите.

Според Европско Медитеранскиот сеизмолошки центар се работи за земјотрес со ист епицентар во Црешево, односно Смилковци на длабочина од 2 километри. Според скалата на Рихтер се работи за земјотрес со силина од 5.4 степени, кој силно беше почувствуван во Скопје.

 

Најчитани вести