Центар без вода утре

Град Скопје и Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека делови на Центар утре, 29.05.2014 година, од 9:30 часот, па се до завршување на градежните работи ќе останат без вода.

Во сооптението се вели дека поради изведување на водоводен приклучок на улицата Моша Пијадем кај ТЦ Соравија, без вода ќе бидат корисниците од Ново Маало, на потегот од булеварот Кочо Рацин и улицата Мирче Ацев, како и дел од Градската болница, ГТЦ, ТЦ Соравија и ССМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.