Дел од Центар утре без вода

Без вода дел од корисниците од општина Центар. Како што информираат од РЦУК во текот на утрешниот ден ќе има прекин во водоснабдувањето од 9. 30 часот.

Поради изведување на водоводен приклучок од  ф – 150 на бул. „Митрополит Теодосие Гологанов“ 32, прекин на водоснабдување ќе имаат корисниците на еден дел од истиот булевар.

Прекинот ќе трае се до завршување на работите.