Македонија

Центар, Ѓорче, Арачиново утре без струја

Центар, Ѓорче, Арачиново утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре, вторник, без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Центар, Арачиново, Ѓорче Петров, Студеничани, Сопиште и Чучер Сандево.

Ова се улиците и временските периоди каде ќе нема електрично напојување:

– во периодот од 08.30 до 11.00 часот, корисниците од ул. Јордан Мијалков бр.62 и 64, како и градилиште Геолошки. ( општина Центар )
– во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од село Грушино. ( општина Арачиново )
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Цици Поповиќ. ( општина Центар )
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Кичевска и Воин Драшковиќ. ( општина Ѓорче Петров )
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул.1 во село Батинци, како и корисниците од селата Осинчани, Елово и Црн Врв, ( општина Студеничани ) корисниците од селата Сопиште, Јаболци, Патишка Река, Држилово и рудникот Рудо Проект. ( општина Сопиште )
– во периодот од 09.30 до 15.00 часот дел од корисниците од село Побожје. ( општина Чучер Сандево )
– во периодот од 11.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Светозар Марковиќ. ( општина Центар )