Македонија

Центар и Аеродром денеска без вода

Центар и Аеродром денеска без вода

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека денеска без вода останале дел од корисниците од општините Аеродром и Центар.

Во општина Центар поради дефект од 10:15 часот, па се до санирање на дефектот се корисниците од улиците Костурски херои, Мајаковски и 29-ти Ноември.

Во општина Аеродром, поради реконструкција на водоводната мрежа од 11:15 па се до завршување на работите без вода останале потрошувачите од улицата Вангел Тодоровски број 1.