четврток, 24 август 2017  |  Вести денес: 2

Центар крахира на јануарскиот снег (ФОТО)

Очигледно градоначалникот на централната скопска општина Андреј Жерновски остана изненаден од јануарскиот снег. Центар вечерва изгледа како некоја рурална зона која е препуштена на снаодливоста на граѓаните.

центар

Поврзани вести

Жителите на општина Центар вечерва се самоорганизираа во чистењето на снегот од пред своите порти. Денеска Жерновски на неговиот Фејсбук профил се пофали дека има отворена телефонска линија и дека возилото е на терен, но очигледно тоа е само на фотографиите пред општинскиот службен фото- објектив.

zernov

На терен тоа ниту функционира, ниту пак некој се јавува. Граѓаните на улиците „Истарска“, „Светозар Марковиќ“, „Битолска“ и „Благоја Деспотовски- Шовељ“ во Центар реагираа за неификасноста. Ги посетивме вечерва и освен нашата екипа немаше никој од Општина Центар иако биле повикани да им помогнат.

Премрзнати на студот жителите сами го чистеа снегот. Еден од граѓаните револтирано изјави: „Жерновски само го бива да се слика, а никаде го нема овде со нас. Пред избори ќе дојде, но да чисти снег нема никој од општината“.

Друг граѓанин сведочеше дека се јавил на отворениот број од општината најмалку 3 пати, но залудно. Освен ветување, нервоза и трошок на мобилната сметка, ништо не добил од општината Центар. Тоа незадоволство е присутно со разни сведоштва и на социјалните мрежи.

javuva

Во продолжение погледнете ги фотографиите направени вечерва од улиците „Битолска“, „Светозар Марковиќ“, „Благоја Деспотовски- Шовељ“, „Истарска“, како и улици во Маџир Маало и Буњаковец.

ulica-9

ulica-8

ulica-6

ulica-7

ulica-5

ulica-4

ulica-2

ulica-3

ulica-1

Најчитани вести