„Центар сака да дише“: Сеча на дрва во Центар во режија на Жерновски

Нова сеча во Центар во режија на Жерновски. 30 годишни дрва се жртва на желбата за профит на Жерновски, објавено е на ФБ групата „Центар сака да дише“.

-Нова сеча во Центар во режија на Жерновски. На градоначалникот Жерновски по важен му е личниот профит отколку здравјето на граѓаните и заштитата на животната средина, затоа без милосно издава одобренија за градба и сече повеќе  годишни зимзелени дрва во Дебар маало на сметка за изградба на нови згради кои ќе ја гушат населбата и ќе го зголемуваат сообраќајниот хаос во центарот на градот.