ВИДЕO: Центар се спаси од поплава со фекалии

Веќе трет ден екипи на јавното водоводно претпријатие го санираат големиот дефект предизвикан од  затнување на главниот фекален колектор што ги носи сите отпадни води од десната страна на Вардар, односно од Ѓорче Петров, кон Лисиче.

Повеќе од два тона смет, но и кабли легално и диво поставени се извадени од делот на колекторот  што минува во близина на Портата Македонија, а надлежните од „Водовод“, велат дека толку големо затнување досега не се случило. Но, за среќа, постоењето на прелив изграден во близина на новата зграда на „Телеком“, преку кој што се исфрла вишокот на вода од колекторот во водите на Вардар, превенира и поголема катастрофа, односно поплавување на градскиот плоштад.

Проблемот во средата прво се јавил кај Градскиот трговски центра, потоа се поплавиле делови на зградата на ССМ и градинката позади. Екипите на „Водовод“ веднаш  интервенираа кај Порта Македонија, но, поради натрупаниот шут и кабли, било невозможно колекторот да се одзатне без да се искрши.

„Во колекторот беа забележани голем број кабли, дел од нив се извадија, а дел се истуркаа со силен млаз. Колекторот како што оди кон Лисиче тој се шири. Сите очекуваа онаму каде што профилот е голем  шутот ќе помине, но проблем се случи на булеварот Кочо Рацин, во близина на Црвениот крст, каде што сите кабли и смет се наталожија. Претпоставувавме дека каблите се на ЕВН и дека со нив се напојува со струја ГТЦ.  Но, испадна дека каблите се од ГТЦ, бидејки мерното место на ЕВН било малку подалеку“, вели шефот на кабинетот на директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Николче Спировски.

Во моментот,  екипи на ЕВН ги отстрануваат каблите, по што ќе следи санација на улицата која што уште денеска треба да биде пуштена за сообраќај.
ka

За голем дел од каблите што се извадени од колекторот, „Водовод“ нема документи, но каблите  имаат ознаки. Дали  ќе се поведе постапка за нивно незаконско постаување во колекторот, засега од претпријатието немаат конкретен став, но, сепак, оттаму се децидни дека сите кабли во целата воодводна мрежа ќе бидат извадени и повеќе нема да се дозволи ваквата пракса.

„На некои кабли има ознаки, понатаму ќе видиме што ќе правиме со нив дали ќе истражуваме како се нашле таму. Нашето претпријатие има догоовро со две фирми што обезбедуваат услуги за телевизија и интернет. Побаравме од нив  каблите да ги отстранат или барем да бидат прописно поставени за почеток, но, сепак во преспектива да бидат отстранети“, вели Спировски.

image-ad6ce8088354b76e6b9670f6b4c0b9e6d26f038b4dfa72dd35aa687f806b365a-V

Тој сепак предупредува дека овој проблем може да се јави и на други локации во градот. Да се превенира слична ситуација, екипи на „Водовод“ во моментот ја проверуваат целата фекална канализициона и атмосфреска мрежа и секаде каде што има кабли во иднина ќе бидат отстранети.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.