Центар за ран детски развој во Шипковица

Центар за ран детски развој во рамки на иницијативата „Првите 5 се најважни на свет“ денеска ќе биде отворен во основното училиште „Реџеп Вока“ во тетовско Шипковица.

Отворањето на центарот е поддржано од Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ), Фондацијата Т-Мобиле за Македонија и Општина Тетово. 

Центарот ќе го пуштат во употреба Бертран Демулен, претставник на УНИЦЕФ, и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

Досега со донација од Фондацијата Т-Мобиле и со поддршка од УНИЦЕФ во неколку општини низ Македонија беа отворени девет центри за ран детски развој.