Македонија,Економија

Центар за соработка со бизнис заедницата денеска и во Скопје

Центар за соработка со бизнис заедницата денеска и во Скопје

Првиот Регионален Центар за соработка со бизнис заедницата денеска ќе биде отворен во просториите на Центарот за развој на Скопскиот плански регион. Центарот го воспоставува Министерството за локална самоупрва со поддршка на УНДП, како точка за соработка на општините, планскиот регион и бизнис заедницата во функција на развој на регионот.

Вакви центри ќе бидат отворени и во Источниот, Југозападниот и во Полошкиот плански регион.

Центарот ќе го отвори министерот за локална самоуправа Лирим Шабани, а на настанот ќе присуствуваат градоначалниците на 17-те општини од Скопскиот плански регион, како и раководителот на Центарот за развој.