Центарот на Скопје блокиран за сообраќај

Центарот на Скопје блокиран за сообраќај
Центарот на Скопје блокиран за сообраќај

 Сообраќајот во центарот на Скопје од 13 часот денеска е затворен превентивно поради најавените протести за вечерва.

Како што соопшти Автомото-сојузот на Македонија, не се пропуштаат возила од крстосницата помеѓу ул.„11-ти Октомври“ со „Кочо Рацин“, се до крстосницата на  ул.„Васил Главинов“ со „Даме Груев“. Сообраќајната полиција го пренасочува сообраќајот по околните улици.

Сообраќајот во централното градско подрачје на Скопје беше блокиран и од вчера попладне.