Централниот комитет ја прифати оставката на Груевски

Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ на вечерашната седница ја прифати неотповикливата оставка на Никола Груевски од претседателската функција.

Генералниот секретар Христијан Мицковски изјави  дека на вечерашната седница е одлучено да се оди на вонреден Конгрес,

Според неофицијални информации, 100 членови на ЦК гласале за  вонреден Конгрес, еден бил против и 10 воздржани.

На вечерашната седница на највисокото партиско тело одлучено е вонредниот Конгрес да се одржи на 22 и 23 декември во Валандово. На Конгресот ќе учествуваат 544 делегати кои беа дел и од 15-тиот Конгрес одржан во Куманово во мај 2015 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.