Центри на ОН за децата мигранти кои поминуваат низ балканската рута

Центри на ОН за децата мигранти кои поминуваат низ балканската рута
Центри на ОН за децата мигранти кои поминуваат низ балканската рута

Обединети нации ќе создадат центри за деца без придружба и семејства на мигранти, кои доаѓаат од Грција и преминуваат низ Балканот на пат за Северна Европа, соопшти Агенцијата на ОН за бегалци и УНИЦЕФ.

Предвидени се вкупно 20 центри, кои ќе бидат безбедно место за децата и нивните родители. Центрите првенствено се наменети за децата кои сами патуваат и се изложени на ризик од болести, насилство и илегална трговија со нив. Центрите ќе работат и на обединување на разделените семејства, пренесува БТА.

Четири од центрите веќе работаат на грчките острови и од двете страни на грчко-македонската граница. Другите центрии ќе бидат отворени следните три месеци во Грција, во Македонија, во Србија, воо Хрватска и во Словенија.

Според податоци на ОН во 2015 година над 900.000 деца без придружба или разделени од родителите побарале азил во Европа, пред се во Германија и во Шведска. Додека, 60 проценти од мигрантите кои од Турција по морски пат пристигнуваат во Грција, се жени и деца.