Центри за лекување на депресија низ цела Македонија

Почнувајќи од наредната недела, во претстојниот период до крајот на годината  во речиси секој здравствен дом во Република Македонија ќе биде отворен дневен центар за лекување на депресија.

Станува збор за центри кои ќе работат еднаш неделно, во периодот од 14.00 до 20.00 часот. Во секој центар ќе биде ангажиран по еден  специјалист психијатар, кој ќе дава здравствени услуги на пациентите без претходно закажан термин, а по потреба ќе ги упатува на натамошно лекување.

Просторот е обезбеден во рамки на здравствените домови, а во однос на кадарот ќе бидат ангажирани докторите-специјалисти во областа на психијатрија кои се веќе вработени во здравствените домови. Во здравствените домови каде нема вработено специјалист психијатар, здравствената услуга ќе биде покриена од страна на психијатар вработен во општа, клиничка или специјална психијатриска болница во истата или најблиска општина.

-Со отворање на Центрите за депресија овозможуваме дополнување на здравствениот систем во областа на душевното здравје кој во јавно здравствениот систем  во нашата земја е претставен со три специјални психијатриски болници, психијатриски одделенија во шест општи и три клинички болници како и УК за психијатрија-Скопје како установа од терциерно ниво. Депресијата е болест на современото општество и во нејзиниот третман потребно е да се вклучат не само за професионалците во областа на менталното здравје, туку и за експертите како што се социолози, психолози, педагози и др. Депресијата (лат. deprimere – потиштеност, безволност, изнемоштеност) претставува психијатриско растројство кај кое главен симптом е патолошки намалено расположение.Според податоците од Светска Здравствена Организација, околу 350 милиони луѓе од сите возрасни групи, националности и други групи страдаат од депресија. Се смета дека во просек секоја петта жена и секој десетти маж во текот на животот ќе искусат барем една сериозна епизода на депресивно растројство. Статистиките покажуваат дека 7% од популацијата во европскиот регион страда од потешки форми на депресија (таканаречена мајор депресија), и таа бројка достигнува и до 25% од општата популација ако се вклучат и полесните форми, како и оние поврзани со анксиозност, истакна Тодоров.

Водечките светски организации и институции нагласуваат дека депресијата прераснува во сè позначаен јавно здравствен аспект кој има изразени импликации врз модерните општества, како на здравствено и социјално, така и на економско поле. Во исто време, депресијата е водечка состојба на коморбидитет со други заболувања (како на пр: кардиоваскуларни заболувања).

Министерството за здравство во соработка со УК за психијатрија изготви акциски план за отворање на центрите за депресија во рамки на здравствените домови низ целата територија на Република Македонија.

Во првата фаза на проектот, до крајот на месец октомври, ќе бидат отворени вкупно 7 центри, и тоа:

1) Центар за депресија во рамки на ЈЗУ ЗД Скопје со амбуланти во:

– Поликлиника Букурешт

– Поликлиника Јане Сандански

– Поликлиника Ченто

– Поликлиника Ѓорче Петров

2) Центар за депресија во рамки на ЈЗУ ЗД Демир Хисар

3) Центар за депресија во рамки на ЗД Битола

4) Центар за депресија во рамки на ЗД Велес

Во втората фаза на проектот, во текот на ноември, ќе бидат отворени вкупно 13 центри, во следните здравствени домови:

1) Центар за депресија во рамки на ЈЗУ ЗС Железара Скопје

2) Центар за депресија во рамки на ЈЗУ ЗД Железничар Скопје

3) Центар за депресија во рамки на ЈЗУ ЗД Делчево

4) Центар за депресија во рамки на ЈЗУ ЗД Гевгелија

5) Центар за депресија во рамки на ЈЗУ ЗД Штип

6) Центар за депресија во рамки на ЈЗУ ЗД Струга

7) Центар за депресија во рамки на ЈЗУ ЗД Тетово

8) Центар за депресија во рамки на ЈЗУ ЗД Гостивар

9) Центар за депресија во рамки на ЈЗУ ЗД Охрид

10) Центар за депресија во рамки на ЈЗУ ЗД Прилеп

11) Центар за депресија во рамки на ЈЗУ Здравствен дом Струмица

12) Центар за депресија во рамки на ЈЗУ Здравствен дом Куманово

13) Центар за депресија во рамки на ЈЗУ Здравствен дом Кавадарци

Во третата фаза на проектот, во текот на декември, ќе бидат отворени уште 7 центри за депресија, на следните локации:

1) Центар за депресија во рамки на ЈЗУ Здравствен дом Пробиштип

2) Центар за депресија во рамки на ЈЗУ Здравствен дом Радовиш

3) Центар за депресија во рамки на ЈЗУ Здравствен дом Свети Николе

4) Центар за депресија во рамки на ЈЗУ Здравствен дом Ресен

5) Центар за депресија во рамки на ЈЗУ Здравствен дом Дебар

6) Центар за депресија во рамки на ЈЗУ Здравствен дом Кичево

7) Центар за депресија во рамки на ЈЗУ Здравствен дом Кочани

Во четвртата фаза на проектот, во текот на февруари, ќе бидат отворени следните 9 центри за депресија:

1) Центар за депресија во рамки на ЈЗУ Здравствен дом Кратово

2) Центар за депресија во рамки на ЈЗУ Здравствен дом Крива Паланка

3)Центар за депресија во рамки на ЈЗУ Здравствен дом Вевчани

4) Центар за депресија во рамки на ЈЗУ Здравствен дом Берово

5) Центар за депресија во рамки на ЈЗУ Здравствен дом Пехчево

6) Центар за депресија во рамки на ЈЗУ Здравствен дом Валандово

7) Центар за депресија во рамки на ЈЗУ Здравствен дом Крушево

8)Центар за депресија во рамки на ЈЗУ Здравствен дом Ростуше

9) Центар за депресија во рамки на ЈЗУ Здравствена станица Липково

Овие центри ќе функционираат како сервиси на заедницата надвор од болничките установи, со цел превенција на депресијата, истовремено исклучувајќи ги аспектите на стигматизација.

Во текот на имплементација на проектот, согласно проценетите потреби, Министерството за здравство соодветно ќе ги прошири тимовите со цел да обезбеди мултидисциплинарен пристап во работата на центрите.