Центрите за социјална работа под невиден притисок од Ременски

Веројатно Фросина Ташевска Ременски е прв министер кој се фали и прави политички маркетинг од интерни наредби кој ги доставува до вработените и директорите на установите како таа од вчера упатена до Центрите за социјална работа. Техничката министерка на тој начин всушност ги прекрива бројните претставки кои стигаат до Антокорупциската комисија и министерството за труд и социјална политика од граѓани и вработени за притисоците кои ги трпат од неа и нејзиниот кабинет, пишува „Курир“.

Секојдневни се жалбите и поплаките од вработени во Центрите за социјални установи и јавните установи под капа на министерството за труд и социјална политика за неподносливи притисоци кои ги прави техничката министерка и нејзиниот кабинет. Истите коментираат дека како наближуваат изборите така Ташевска Ременски станува поагресивна преку исценирани упади со камери по институции и бесмислени наредби.

Курир пишува дека  изминатиот период стигаат голем број на претставки и поплавки од вработени во Центрите за социјална работа и јавните установи  дека работењето им е неподносливо а позади тоа стои техничката министерка и лица од нејзиниот кабинет. Дел од претставките се поднесени и од корисници на некои од правата од социјална заштита.

Така на пример постојат наводи дека лица од кабинетот на Ташевска Ременски ветувале на граѓани дека ќе им биде решен предметот кој им се решава по жалба во второстепена постапка доколку агитираат и гласаат за СДСМ.
rem
dokument
 За овие обиди за поткуп на гласови и злоупотреба на службена должност во време на предизборна кампања веќе е информирано Државната комисија за спречување на корупција како и Бирото за јавна безбедност за понатамошно постапување.
 
Вакви претставки стигале постојано и до дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика од вработени кои бараат да ги заштити од злоупотребите на Ташевска Ременски. Остваривме контакт со некои од нив кои сакаат да останат анонимни плашејќи се работното место.  Тие наведуваат дека странки поттикнати од кабинетот доаѓаат во Центрите повикувајќи се на лица од кабинетот на техничката министерка и бараат да им се решат барањата позитивно во спротивно ќе бидат пријавени во министерството.
 
Во текот на вчерашниот ден техничката министерка повикувајќи се на повеќе извори” издаде Наредба до директорите на Центрите за социјална работа во која истите се обвинуваат паушално за направени некакви злоупотреби на службена должност и овластувања на директори. Дека Ташевска Ременски си прави политичка кампања говори фактот таа ги обвинува  и им наредува на сите директори однапред прикачувајќи им на сите вина што во најмала рака е несериозно и  разбирливо дека се работи за нарачан линч.