Чешка ќе го блокира патот на Албанија кон ЕУ

Чешка ќе го блокира доделувaњето на статусот кандидат за членство во ЕУ на Албанија!

Ова се случува поради спорот со енергетскиот гигант ЧЕЗ, на кој минатата година му беше одземена лиценцата во Албанија и поради тоа се води постапка пред меѓународниот арбитражен суд.

Европската комисија препорача Албанија да го добие статусот земја-кандидат за ЕУ, за што ќе се решава на Самитот на ЕУ на крајот на јуни, а Чешка се спрема ова да го блокира, бидејќи немало напредок во разговорите меѓу Тирана и ЧЕЗ во Виена.

Чешка пред извесно време испратила сигнали до Албанија дека спорот би можел да има влијание на добивањето кандидатски статус.

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка изјави дека Чешка во целина поддржува проширување на ЕУ на Балканот.

– Чешка секако во оваа смисла ќе ја интересира прашањето на заштита на странските инвестиции во Албанија, прашањето на стабилноста на  деловното опкружување, прашањето на борбата против организираниот криминал, додаде Соботка.

Премиерот потенцираше дека секоја земја која ќе добие кандидатски статус би требало да ги исполнува условите и дека тоа ќе се разгледува и во случајот со Албанија.