Тридневно чествување на празникот „Св.Спасо Радовишки“

Од денес, започнува традиционалното тридневно чествување на празникот „Св.Спасо Радовишки“ во Радовиш.

Здружението „Св.Спасо Радовишки“ и Центарот за култура „Ацо Караманов“ под покровителство на Советот на општина Радовиш и Градоначалникот Сашко Николов, а во соработка со Македонската православна црква-Брегалничка епархија ве покануваат на тридневното чествување на празникот на патронот и заштитник на градот -„Св.Спасо Радовишки“.

Распоред на богослужбите за празникот „Св.Спасо Радовишки“

Манифестацијата по повод чествување на празникот „Св.Спасо Радовишки“, ќе се одржи од 20-ти до 23-ти Август при што, предвидени се два програмски дела, првиот црковен и духовен, а вториот од културно-забавен карактер за граѓаните на општина Радовиш.

Богослужба за празникот „Св.Спасо Радовишки“
Богослужба за празникот „Св.Спасо Радовишки“
  • 20.08.2014 год. (Четврток) со почеток во 18:00 часот – Архиерејска вечерна богослужба на која ќе служи Митрополитот брегалнички г. Иларион и игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со повеќе свештеници од Брегалничката епархија, а по вечерната богослужба ќе се изврши литија до параклисот на плоштадот Св.Спасо Радовишки. Во 21:00 часот ќе се одржи Духовна академија во дворот на храмот Св.Троица
  • 21.08.2014 год. (Петок) со почеток во 08:30 часот – Божествена Литургија на која ќе богослужи Архиепископот Охридски и Македонски Г-дин Г-дин Стефан со тројца архиереи од Синодот на Македонската православна црква, Митрополит Брегалнички Г-дин Иларион, Митрополит Повардарски Г-дин Агатангел и Митрополит Европски Г-дин Пимен.

По Литургијата ќе има празничен ручек во манастирот на „Св.Георгиј“ во село Ораовица.

Во недела спортски настани

Покрај црковните и културните настани, во недела планирани се и спортски настани, со што практично ќе се заокружи годинешното чествување на празникот.

programa-sv-spaso-1

Организаторите на манифестацијата ги покануваат граѓаните со Божјата милост и славата на светителот „Св.Спасо Радовишки“ да се продолжиме традицијата на честување и со неговите молитви да се негуваат добрите души.