четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 37

Почна да се гради четвртиот крак на градинката „Детелинка“

Почна да се гради четвртиот крак на градинката „Детелинка“ во општина Ѓорче Петров. Денес беше означено почетокот на изградбата на објектот во присуство на градоначалникот на општината Сокол Митревски и заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

detelinka-gradinka-1

Последни вести

Почна да се гради четвртиот крак на градинката „Детелинка“ во општина Ѓорче Петров. Денес беше означено почетокот на изградбата на објектот во присуство на градоначалникот на општината Сокол Митревски и заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Проектот предвидува изградба на просторија која ќе го зголеми капацитетот на градинката за нови педесетина деца, така што градинката „Детелника“ ќе располага со четири занимални со пропратни простории, тоалети и ходници со вкупен капацитет од 120 деца.

Следната година изградба на 20 градинки во 20 општини

Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов рече дека новиот објект ќе згрижи 50 деца и се очекува да биде завршен до крајот на месец април 2016 година, додавајќи дека во завршна фаза веќе се градежните активности на објект за 150 деца во населбата Дексион, како и дека во план е адаптација на уште еден трет објект во општината, што во голема мера ќе го подобрат животот на граѓаните од оваа општина.

Како Влада во 2016 година планираме да отпочнеме со изградба и опремување на 20 градинки во 20 општини со голем фокус на Скопје со цел да влијаеме на намалување на листите на чекање и создавање на повеќе капацитети за децата и поквалитетни услови за дечињата, истакна Спасов.

Градоначалникот на Ѓорче Петров Сокол Митревски истакна дека сите капацитети што се во фаза на изградба се заеднички плод на ресорното министерство и локалната самоуправа, со цел подобрување на вкупната состојба во општината за згрижување на најмалата и најдрагата популација.

Минатата година пуштивме нова градинка во населбата Даме Груев за згрижување на повеќе од 150 деца, а денешното проширување на градинката „Детелинка“ ќе го зголеми капацитет за 50 деца, за потребите на жителите од месната заедница Мирче Ацев и пошироко, истакна Митревски.

Проектот чини околу пет милиони денари, средства обезбедени преку Проект за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од светската банка. Изведувач на градежните работи е компанијата „Алдинг-Инженеринг“ од Скопје која е избрана по спроведување на тендер воден по правилата на Светската банка.

Најчитани вести