Чаби Алонсо пак обвинет за даночно затајување

Шпанското обвинителство не мирува па го обвини и поранешниот фудбалер, Чаби Алонсо за затајување на данок, информираат тамошните медиуми.

Според обвинителството, поранешната ѕвезда на Реал, Ливрпул и Баерн се обидел да ги скрие приходите од маркетинг во периодот од 2010 до 2012 година, кога играше во Реал Мадрид.

Станува збор за износ од 4,9 милиони евра. Шпанските обвинители за Алонсо бараат драстична казна – осум милиони евра и затвор!

Случајот бил отворен и во 2015 година, но Алонсо тогаш тврдел дека е невин па истрагата била прекината.