Чадиев: Во Велес легализирани 5.350 дивоградби

чадиев

Тоа практично значи дека во Велес имаме 5.350 објекти кои не се дивоградби и нивните сопственици сега имаат законско право на користење на личниот имот. Тоа значи дека дека 56,45 проценти од барањата за легализација се веќе завршени, истакна Чадиев.

Воедно појасни дека причината поради која голем дел од барања не се целосно завршени е затоа што се чекаат елаборати, а во одреден број случаи недостигало мислење од надлежен орган, пресметки, некомплетна документација…

Сакам да апелирам до граѓаните кои поднеле барање за легализација во вториот рок, дека имаат временска рамка до крајот на годинава да приложат елаборат. Токму недостигот на елаборати најмногу го кочи процесот на легализација, појасни Чадиев.

Според него, легализацијата на дивоизградените објекти во градот е процес на кој општина Велес му придава големо значење. Со оваа можност, рече, многу граѓани и семејства за 1 евро по метар квадратен можат да ги легализираат нивните објекти за семејно домување кои кои од различни причини биле изградени без потребна документација.

Информира и дека по завршувањето на легализацијата ќе се пристапи кон втората фаза, а тоа е внесување во деталните урбанистички планови на сите бесправно изградени, а сега веќе легализирани објекти.

Само така ќе имаме и вистинска слика за состојбата со инфраструктурата и за потребата од нејзино проширување, потенцира Чадиев.