Дневник“: Чадорот на Верушевски се отворал од Виена

Kога извесно време по објавувањето на првите бомби на Зоран Заев во јавноста беше објавена декриптираната скајп-комуникација на кртовите во ДБK, Зоран Верушевски и Ѓорѓи Лазаревски, Македонците останаа стаписани и згрозени.

Освен типови како Гордан Kалајџиев, „граѓански активист“ и огнен борец против законот со кој полицијата за потребите во борбата против организираниот, финансискиот криминал, имаше право да презема специјални мерки во кои спаѓаше следење на комуникацијата на осомничените, кој, како што гледаме од неговото учество во украинската револуција во Скопје, нема ништо против ако неговите партиски пајташи и странски спонзори го прават тоа против македонската држава и демократијата.

Kолку за освежување на паметењето, еве дел од таа комуникација за да ги обелодениме налогодавците на прислушувањето, односно шефовите на мрежата на „Оркестар 11“, нам познат како Зоран Верушевски. Да напомнам дека се работи за упатства на Верушевски до партнерот „кока-кола“ Лазаревски во период од 29 јануари до 4 март 2014 година:

– Бидете уверени дека оваа мака нема да дозволам да ни биде бадијала.

– Би било навистина тешко да ја загубиме оваа позиција која добива неверојатно на квалитет.

– Стануваме потребни и да не бидам скромен, претставуваме навистина нешто што тешко може да се замисли.

– Познавајќи го чадорот, не верувам дека ќе останеме заборавени. Напротив.

– Имаме големи перспективи.

– Ова ќе зоврие.

– Можно е да излезе од контрола.

– Навидум овој мир може да ескалира.

– Ние сме навикнати друг да страда, ние сме благонадежни.

Бетмен и Робин

Што не’ интересира нас овие речиси две години откога стартуваше фингерајката, односно операцијата „Пуч“, како што е заведена во МВР? Не’ интересира идентитетот на чадорот, односно странските служби, кои, според нашата симболика за поимот чадор, ги штитат домашните превратници, односно шпиони во МВР и во политиката. Односно, оние за кои говори Верушевски со својот колега.

Е, па, еве ги…