Магазин

Чаеви според крвна група

Чаеви според крвна група
Чаеви според крвна група

Сигурно сте слушнале дека постои одреден диететски режим на исхрана по крвна група. Дали сте знаеле дека постојат и чаеви за секоја крвна група?

Крвна група 0

Луѓето со оваа крвна група траба да избегнуваат млеко, грав и глутен. Добро се справуваат со стресот, но желудечната киселина може да им биде голем проблем. Тие би требале да пијат чај и сок од ѓумбир, женшен и зелен чај. Наместо кафе треба да пијат јапонски сенча чај. Им одговара и магдонос, хмељ, брест, нане, глуварче и шипинка.

Крвна група А

Овие луѓе се многу емотивни и аналитични. Тие се многу склони на стрес и имаат високо ниво на кортизол. Кафето не им смета, а би требало да пијат само билни чаеви, да се хранат со овошје и зеленчук (што помалку месо), да се занимаваат со јога и медитација. За нив се зелен чај, јасмин, ајдучка трева, мајчина душица и невен. Им одговара и глог, ѓумбир и кантарион.

Крвна група Б

Луѓето со крвна група Б обично имаат спор метаболизам, склони се кон автоимуни заболувања, дебелеење, летаргија, хроничен замор и проблеми со несоница. Имаат добар дигестивен систем, но треба да се чуваат од бактерии, особено од ешерикија коли. За нив е зелен чај, жалфија и маточина.Им одговара и магдонос, нане, лист од бреза, кантарион, глуварче, ајдучка трева, мајчина душица.

Крвна група АБ

Луѓето од оваа група се интуитивни и отпорни на стрес. Тие треба да се фокусираат на специфични видови на зелен чај и други сродни видови, нане, божур. Мешавина од коприва и нане е особено добра за мажите.