Чаир утре без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре, четврток, без вода ќе останат дел од корисниците од општина Чаир.

Прекинот ќе биде поради изведување на водоводен приклучок на ул.Цветан Димов и ќе започне од 09:00 часот, а ќе трае се до завршување на интервенцијата.

Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Цветан Димов, ул. Панче Неделковски и ул. Коста Абрашевиќ .