Чаирчанец нападнат од насилници кои му упаднале дома

Чаирчанец физички бил нападнат од двајца насилници кои му упаднале во домот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера, додека 38-годишниот С.М. седел дома со 19-годишната Ј.К. во куќата на улицата Максут Садик во скопски Чаир, две непознати лица физички го нападнале.

Насилниците влегле во неговиот дом преку незаклучената врата ио почнале да го тепаат, нанесувајќи му телесни повреди.

По превземените мерки пронајдени се сторителите при што по целосно документирање на случајот против истите  ќе биде поднесен соодветен поднесок.