Чакир ја дели правадата на вториот полуфинален дуел

Турскиот судија Џунејт Чакар ќе ја има таа чест да го води денешниот полуфинален натпревар помеѓу репрезентациите на Холандија и Аргентина, кој ќе биде одигран во Сао Паоло, а ќе стартува во 22:00 часот.

На Чакар ова ќе му биде трет натпревар на турнирот, а претходните два дуела завршија без победник: Бразил – Мексико (0:0) и Алжир – Русија (1:1).

Турскиот судија ја делеше правдата и на полуфиналниот дуел помеѓу репрезентациите на Шпанија и Португалија на последното ЕП во Украина и Полска, а интересно е да се напомене дека Чакар е само вториот турски судија, кој бил дел од еден фудбалски Мундијал. Доган Бабаџан беше главен судија на неколку натпревари на Мундијалот 1974.