Чан: Ширењето на еболата вон контрола, но може да се спречи

Ширењето на епидемијата со ебола во западна Африка е вон контрола, но може да биде спречено, изјави денеска генералниот директор на СЗО, Маргарет Чан.

Таа на состанок во Конакри со претседателите на Либерија, Сиера Леоне и Брегот на Слоновата Коска, изрази загриженост заради ширењето на таа смртоносна епидемија.

– Заразата се шири побрзо од нашите напори да ја контролираме. Ако ситуацијата продолжи да се влошува последиците може да бидат катастрофални во смисла на изгубени животи, но и сериозно економско-социјално разорување и висок степен за ширeње во други држави, изјави Чан.

Таа потсети дека се константни мутациите и адаптации на механизми за преживување на вирусот и другите микроби. Чан спомена дека и населението е под висок ризик од зараза, но додаде дека на еболата не смее да и се дозволи слободно да циркулира.