Магазин

Чарли Браун следната година во 3Д

Чарли Браун следната година во 3Д

Популарниот лик Чарли Браун ќе добие и 3Д верзија, а  љубителите на смешното човече и неговиот мал миленик Снупи  ќе можат да го погледнат во кино салите на шести ноември 2015 година, соопштија продуцентите.

Тоа ќе биде првиот долгометражен, компјутерски анимиран филм според стрипот на Чарлс Шулц .

Чарли Браун е стрип лик кој потекнува од магазинот  Peanuts (Кикирики). Тој е симпатичен “губитник“ и за прв пат се појавува во Li’l Folks, креација на Чарлс Шулц кој дебитира во St. Paul Pioneer Press во 1947 година. Во 1950 година, ќе излезе нова верзија на стрип каиш во магазинот Peanuts. Во следните 50 години, Чарли Браун и неговото куче Снупи ќе се појавува во весниците низ целиот свет. Како што неговата популарност го достигнува врвот во 60те години, приказната се појавува во книги, Телевизиски специјали, па дури и во бродвејската претстава “Ти си добар човек, Чарли Браун“. Некои од добрите карактеристики на Чарли Браун, како невозвратената љубов на неговата црвенокоса девојка, неговите филозофски дискусии со неговото ќебе и неговиот обид (неуспешен) да ја шутне фудбалската топка. И по смртта на Шулц во 2000та година, стрипот успешно се печати во илјадници весници низ светот.